Знам дека сите знаете дека ние луѓето сме себични суштества. Она што јас го тврдам е дека секоја наша активност, секоја мисла се врти околу таа себичност. Земете го кој сакате чин – љубов, грижа за некој друг, омраза, хуманитарност, екологија, разговор, дружба – во секој ќе најдете дека суштинскиот мотиватор е себичноста. Што и да направиме, тоа го правиме од себичност. Дури и да сака некој да се откачи од себичноста, тоа самото по себе би било себичен чин. На страна што тоа е (речиси) невозможно. Освен ако тој некој престане да дише. Ама и тогаш мотивацијата ќе биде себична.

Има една будистичка приказна, во која еден ученик дошол пред Буда и му рекол дека сака да се ослободи од страдањето. Буда му кажал да престане да посакува. И ученикот работел на тоа да престане да посакува, ама после некое време се вратил кај Буда: „Јас веќе немам ниту една желба. Освен желбата да немам желби. Како да се откачам од неа?“ Буда се насмевнал и му одговорил: „Не се труди толку многу.

Поентата е: ако секоја наша мотивација е себична, тогаш да го баталиме внатрешниот дијалог „Дали ова може да се протолкува како себично?“ и да си бидеме она што сме – Луѓе.

Во коментарите слободно може да оставате примери на несебичност, ама не се лутете ако ги побијам.