Ова е обид да се пренесе train of thought на „хартија“. Нема да има објаснување, но наскоро ќе пишувам малку повеќе за Ограничувањето.
Te odio, Cassandra!
Сфатив кое е проклетството на Касандра. Проклетството е дека ја знаела иднината, а не дека другите не ја разбирале. Алегоријата со проклетството на Аполон верувам дека се однесува на тоа дека луѓето се такви и најверојатно такви ќе си останат а не дека она е неспособна да ја пренесе пораката. Да знаеш што ќе се деси следно е тежок товар. Не толку тежок зашто може да се ориентира човек според она што ќе го види и да делува соодветно… ама што е со оние срања што не зависат од мене? Да, можам да ја гледам иднината и не, никогаш не е линеарна, секогаш се разгранува на милион други гранки и секоја од нив си има своја тежина зависно од тоа што ќе се направи за да се стигне до таму ама не е толку едноставно. Мислам за мене си знам што и како треба да направам и све, ама што е со другите луѓе? Оние што кога им зборам за иднината и што ќе се деси зјапаат у мене како теле у шарена врата. Оние што или неќат да ја прифатат одговорноста да сменат нешто или се премногу разочарани зашто не прават ништо си ги држат у раце и у суштина прават све само не она што треба. Пошто коа ќе им кажам ќе биде вака и вака, ме гледаат ко да сум луд или се смешкаат и викаат дека не било толку лесно. Се откажав од предупредување. Да тачно дека се уште дрвам во текстови али и тоа го проретчив пошто која е поентата? и онака ќе си прават онака како што праеле до сеа. Не дека се глупи, само си веруваат на својот булшит дека ете такви се дека неможе некои работи да се сменат дека така било одувек и никако другачие ма у курац ми се пие кафе. Ми треба диктафон за train of thought. Вака треба да памтам што ми се мотало низ глава дур правам кафе. Сејв. Веднаш се враќам.
Ми текна уствари како почна целиов муабет. Со Марија кога ме праша дали предупредувам луѓе за други луѓе. Се трудам да не. Секогаш ми текнува дека моето искуство е субјективно посебно кога станува збор за други луѓе. Секој човек се менува од момент во момент а не па ли мерено во денови месеци и години. Она што сум го кажал и направил денеска кон некој човек за месец дена може да биде скроз различно иако се држам до одредени постојани принципи така што нема голема разлика. Тогаш и решив да напишам train of thought за да видам колку успешно ќе можам да го пренесам тоа на хартија. Кога го правам тоа на глас како дел од редовната Пракса е лесно пошто ја си се слушам и се фаќам како од време на време ќе треснам некоја глупост или кога ќе почнам да се лажам кога нешто ќе ме извади од такт кога дозволувам на срања да ме вадат од такт. Последен пат го пробав ова негде крај на март кога го почнав дневникот на Паузата. Не ни треба да го отворам за да знам што пишува таму пошто требаше да и го дадам да го прочита кога ќе заврши Паузата ама пошто Заврши сметав дека нема потреба. Сите предвидувања ги имав напишано таму секој можен правец секој можен детал секој можен одговор и каде ќе не однесе тој одговор и што ќе треба да се деси за да даден правец функционира и дури имав и размислување и дробење околу исправноста тоа да и го кажам пред да заврши Паузата пошто може да влијае на одговорот и дека ако утре зажали за тоа ќе ме пцуе мене што сум ја премислил и пак проблемот што го имам со сервирање на готово зготвено и преџвакано знаење исто како фастфуд без другион да се потруди малку. Знам дека методите ми се малку заебани али тоа го гледам ко најдобар тест како TOEFL за тоа дали го бива човек пошто кога пробував со неа увек поставуваше ѕид и секое прашање го гледаше ко напад исто како ________ кога го праевме муабетон за неговата „војна“ – видов уште тогаш дека се навреди али у тоа е поентата нели? тој се навреди, не јас него. И колку и да му зборев ништо од тоа не допрело до него освен тоа дека некој со кој што треба да чувствува братска врска го напаѓал и му се курчел и се правел попаметен, а знам дека немаше врска. Како да објаснам дека јас тргнувам од место каде што нема појдовна точка и секој можен вектор е можна ситуација каде што нема земја од која што треба да се одбацам него баш како лебдење во бестежински простор од каде може да се свртиш во кој и да е правец и да тргнеш кај сакаш? Како да им објаснам дека тргнуваат не само од земја туку и помеѓу 2-4 ѕида околу нив и движењето им е ограничено. Ограничени од сопствените лоши искуства и перцепции и сфаќања и рационализации. А Ограничувањето е вистинскиот и единствен грев. Затоа и неќев да и кажам ништо пошто тоа ќе беше Ограничување пошто кој сум ја да и ги тргам ограничувањата ако неќе самата? Требаше да покаже желба а за све друго бев Тука. Увек. Ама тргнувањето од позиција на Ограничување е повеќекратно заебана работа – од една страна имаш подлога од друга имаш ѕидови чиј број зависи од верувањата и убедувањата колку се подлабоки и поуверени во тие верувања и убедувања толку се повисоки ѕидовите а колку се повисоки ѕидовите толку поголем одскок ќе им треба за да ги прескокнат. Јас само пробував да им покажам дека ѕидовите се лесно кршливи – ако сакаат да ги срушат – ама џабе пошто ѕидовите нудат сигурност затворен си заграден си и знаеш дека ништо не може да ти се убаци у „шема“ и ти е удобно и фино и мекичко и све дур не налеташ на некој шупак што ќе ти удри ментална заушка и ќе ти каже дека живееш помеѓу четири ѕида на простор метро на метро. Нормално прво нешто ќе биде жестока одбрана на ѕидовите и ако сум доволно упорен и методичен и настојчив и логичен и неемотивен во презентирањето на „предвидувањата“ и претставувањето на повеќе шанси од оние што ги имаат ќе бидат спремни да ме убијат или избришат од списокот на пријатели пошто јебеш ти такви ко мене што покажуваат кон некаков хоризонт на кој што не му се гледа крајот пошто тоа е факинг страшно. Така и Кроули се заебал кога рекол „прави што ти е волја и тоа нека биде сиот закон“ – глупакот им ја дал одговорноста за сопствениот развој на кретените околу него и секој што бил спремен да го сослуша и што со тоа? ништо, се е исто како пред 2 ипол илјади години пошто кој кур ќе се откажувам од удобност кога со неа имам изговор за се дали ме заебале мама и тато условите во коишто сум пораснал на школо ме заебавале ме тепале у маало итн, итн, итн. Секогаш има изговори. „Робовите ќе служат“ напишал Кроули. И служат, да го ебам. На сопствените глупости и клетви и програми и на сопствената суптилна сјебаност за која никогаш нема да признаат дека е таква и попрво ќе го уништат оној што пробува да им каже дека има такви концепти како Слобода и Љубов и дека обидот за рушење на тие фејк непотребни ѕидови не е ништо друго освен (погрешно насочен?) акт на Љубов. „Фантастична е играва, а никој од нив не е свесен дека е во неа. Сите мислат дека тој им е најдобриот пријател. И попрво ќе те уништат тебе за да го заштитат него.“ Така му кажа Ави на г-дин Зелен во Револвер. Многу добар филм иначе. И знам дека ако утре налетам на нив на улица може ќе кажат здраво може не исто како што знам дека не е битно пошто шансата била тука, била дадена и не била искористена. А најчесто имало многу повеќе од една шанса, ама глупо би било да каже човек „океј, сеа ти давам n-та шанса“ пошто и онака со таков муабет уште толку ќе се накурчат „кој курац си ти мене да ми даваш шанси, пизда ти материна?“ Вака нема замарање за никој. Она што само вујко ми го сфати од прва, ваљда затоа што мозочните вијуги му функционираат малку поинаку од оние на мнозинството, е дека кога сум зборувал за овие случаи тоа не е затоа што ми е криво – ако ми е криво за нешто тоа е дека неќеле да си го исполнат потенцијалот – туку зашто ја продолжувам и збогатувам дефиницијата на Јас, зашто знам дека следниот пат со следниот што покажува некаков потенцијал нема да им ги рушам ѕидовите само ќе оставам наоколу длета и токмаци и сл. орудија за рушење на ѕидови па ако сакаат нека ги искористат ако не идеме даље пошто знам дека има луѓе што си ги рушат ѕидовите со речиси религиозна посветеност кон Делото. Everyminute zen не е ич тешка работа само треба да стане навика како што и самиот можам да приметам кај мене. Она што знам дека нема да се случи затоа што таа гранка секогаш се разгранува во свенати и голи и неплодни гранки е дека нема да дозволам туѓата мрза и страв да влијае на мојата Решеност да Пливам.

2 comments
Comments feed for this article
07/10/2009 at 12:56
Dren
Моите 5 центи:
Прво, не верувам дека некој што знае одн. е свесен за ѕидовите не сака да ги сруши. Колку имаат сила за тоа, е друго прашање. Ама со тренинг и работа мускули се билдаат.
Тие ѕидови и тој метар на метар простор им е „удобен и фин и мекичок„ дури **откако** ќе ја сватат дека постои и сина и црвена пилула. Удобно и фино е мекичко е во споредба со она што мораш да го претргаш за да излезеш од трансот на сината пилула. (Прашај го Нео. Он си знае колку го кошташе „будењето„).
Друго, мислам дека не треба да пробуваш да им го „изџвакуваш„ знаењето. Доволно е да им го всадиш Црвот на сомнежот. Тоа е се.
Или – со ‘твој камен поглава’ – не ги еби во мозок. Води љубов со нивните (закоравени) ставови. Не ги силувај – tease them. Така ќе ги „попалиш за уште„ ;)
Ама те разбирам. И јас ја имав едно време истата таа фрустрација дека луѓето ќе веруваат во тоа што сакаат да веруваат што и да направам или речам. (Ама да не ја отворам темата за астрологијата, хороскопот и религијата тука.)
И не туку ‘богохули’. Нити Crowley нити Dawkins не се глупаци. Битката е долга, ама нити оддалеку безнадежна.
ПС: Пошто претпоставувам дека постот го пишуваше пред да го објавиш во 5.50 сабајле, ме интересира дали имаш спиено претходно :) Зашто Бојан во овој пост звучи малце cranky и од Изреволтираниот Оптимист, одвај „О-то„ да се гледа ;)
07/10/2009 at 13:02
Бојан
:) Да, спиев претходно. Вчера :)
За другото, удирам потпис.