Во зен будизмот една од алатките што се користи при медитација се коаните. Целта на коаните е да го натераат оној што медитира да стане свесен за разликата помеѓу него, неговиот ум и неговите верувања – оние што влијаат на тоа како го гледа светот. Најчестата состојка на коаните се парадоксите, а парадоксите имаат огромна моќ затоа што го дразнат умот подолго време додека се обидува да го сведе коанот или парадоксот на „одговор“. Како што вели текстот на Википедија, ваквиот процес е како куче што си ја брка сопствената опашка, и додека го прави тоа умот се открива. На почетокот коаните секогаш се обидуваме да ги „решиме“ со свесниот, рационалниот дел од умот. А додека свеста е зафатена (со „решавање“ на коанот), потсвеста може да излезе на површина. Односно, „умот се открива“. И може да почне процесот на Откривање (на твојата Вистинска природа, како што би рекле зен мајсторите).
Њујорк тајмс вели дека некои научници дури сега го сконтале она што некој го знаел со векови, а некој и со милениуми на назад: човекот секогаш ќе проба да најде рационализација кога ќе се соочи со нешто што му е непознато. И студијата претставена во весникот укажува на она што го имам зборувано на блогов: начинот на кој умот ќе го гледа проблемот зависи од обуката. Значи можно е мозокот, соочен со некоја збунувачка ситуација или проблем, да наоѓа и гледа поврзаности и шеми на места каде што претходно не можел да ги види. И тоа е очигледно кај научниците. Тоа е „Аха!“ моментот на Балтазар. Меѓутоа, студијата има еден сериозен недостаток – не ги зема во предвид проблемите што имаат (огромен) емотивен набој. Во таквите ситуации човекот секогаш ќе оди со она што му е „познато“ и, следствено, „Удобно“. Ситуациите со (огромен) емотивен набој најчесто не ги разгледуваме (а кога ги разгледуваме тоа го правиме на најлош можен начин: „вежбајќи“ ја направената грешка). Полесно е човек да се „изгуби“ во хаосот отколку да проба да најде смисол. Изгуби е во наводници затоа што нема губење на нешто што е дел од тебе – никогаш не може да „изгубиш“ дел од себе; тука станува збор за препуштање на околностите да те носат како што подводната струја може да те носи наваму-натаму – дали ќе се удавиш или не е небитно (ако не се удавиш – па нормално; ако се удавиш – јеби га, се дешава). Дури и кај научниците што имаат преголема емотивна инвестиција во истражувањето се случува закочување на мозокот во прва брзина.
Иако не сум запознаен толку со теоријата (ако ја има), од мое искуство имам видено дека најлесно учам кога има болка. Ако ја ставам еднаш раката на вжештена рингла и се изгорам, следниот пат нема да го сторам истото. Како што веќе имам спомнато на блогов, ние сме испрограмирани да избегнуваме болка. Ако е тоа точно, тогаш ќе вложуваме доста енергија во избегнувањето ситуации налик на онаа што ни предизвикала болка. Еднаш, играјќи си мајстор со отворен касетофон успеав да брцнам еден од прстите каде што не треба и ме здрви струја. Добро ме здрви. Толку добро ме здрви, што следните неколку години воопшто не ни помислував да се приближам до нешто каде што би можело да ми се случи истото. Не помислував да менувам сијалици или бушони низ дома. Па уште ако се скршеше некоја сијалица и требаше да се брца во фасонката со клешти? Нема шанси! Се додека една вечер не останав во темница и морав да се соочам со самонаметнатиот страв од струја. Денес немам проблем да сменам скршена сијалица, но претходно го вадам бушонот и три пати проверувам со фазомер дали има довод на струја.
Поентата на овој пример е дека има добро учење и има лошо учење. Од мојот инцидент со отворениот касетофон, погрешно бев научил дека струјата е опасна и треба да бегам од неа. Заради болката јас најдов нов патерн: струјата да ти била опасна! Јас научив, знаев, верував дека струјата е опасна работа и дека најдобро и најсигурно можам да се заштитам од такви идни инциденти со тоа што ќе избегнувам контакти со неа. Меѓутоа таквото „знаење“, од денешна гледна точка, е каде-каде фалично. И повторно, за да нема забуни, по инцидентот јас знаев дека треба да бегам од струјата, за мене тоа беше најлогичното, најточното, најнај верување на светот. И си функционирав најнормално – освен што не сакав да правам одредени работи (да се приближувам до кабли со струја, да менувам сијалици и бушони, итн.). Секогаш имаше кој да го прави тоа место мене. Мојата „научена“ лекција направи јас веќе да не бидам повреден од струја, меѓутоа ме осакати со тоа што зависев од туѓа помош секогаш кога ќе имаше некој (банален) проблем поврзан со струјата. Фактички постоеше голем ѕид за изолација помеѓу мене и струјата, ѕид што самиот си го поставив заради лошо научената лекција. И иако татко ми пробуваше да ми објасни дека не е толку страшно да се смени бушон и ми даваше логични примери и начини како да се заштитам од повреда а сепак да ракувам со струјата, јас само климав со главата, велев „Да“ и си продолжував да седам зад ѕидот. Се додека не морав да сменам скршена сијалица во купатило. Ја употребив логиката и советите на татко ми и ја сменив. Не е дека претходно не можев. Или дека не ми звучеше логично она што го зборуваше татко ми. Ама зошто да се соочувам со страв ако не морам?
Кога ми текнува на таа ситуација сега само тажно се смешкам и клатам со главата. Сум дозволил трауматична ситуација (не е битно дали е една или повеќе) негативно да влијае врз начинот на кој што функционирам. Сум си дозволил да бидам осакатен, обезмоќен, ограничен. Самиот си поставив ѕид кој што ме одделуваше неколку години од нормалното функционирање. Да, денес ставот што го имав ми делува смешен (па дури на моменти и срамен), ама го надминав. Морав да ги срушам ѕидовите што си ги имав поставено. И тогаш открив колку погрешно сум функционирал до тој момент и почнав да си ги откривам останатите ѕидови, останатите ограничувања. Кроули, во неговата Книга на законот, вели дека Ограничувањето е грев. Иако повеќето телемити тоа го сфаќаат како дозвола за пиење, дрогирање и ебење до бесвест, за мене Ограничувањето како „грев“ има поинаква форма: границите/ѕидовите што самиот си ги поставувам. Тоа најчесто го правам заради лошо научените лекции. „Ах, кисело е грозјето,“ рече лисицата. Наместо да каже „Мамето твое, ти мене ќе ме заебаваш. Сеа ќе најдам скала и ќе те скинам.“ Лисицата во басната си продолжила по патот, без воопшто да размисли што би можела да стори за да дојде до грозјето. Битисувајќи во четирите ѕида на грозјето е кисело иако не го пробав, таа никогаш нема да помисли дека е можно грозјето да не е кисело. И иако тоа најверојатно не и менува ништо, сепак си заминала со незадоволена желба/потреба. И иако целта на грозјето е да биде скинато и изедено, сепак не му менува ништо дали тоа ќе го стори лисицата или некој друг.
Значи, почнав да се прашувам која моја научена лекција претставува ограничување, а која е на место. И повторно, прашањето не беше „Која лекција не ми служи во моментов?“ туку „Која лекција може еден ден да ме ограничи, да ме спречи да функционирам како што можеби би сакал да функционирам?“ Тој процес се уште трае. Дури и со ново научените лекции си го поставувам истото прашање. Со тоа што денес кога „учам“, гледам тоа да биде што е можно помалку субјективно, т.е. заклучокот да не биде (непотребна) генерализација туку да одговара на дадената ситуација. Ова важи дупло во интеракцијата со други.
Во будизмот често може да се чуе прашањето „Дали кучето може да стане Буда?“ (т.е. и кучето да стане свесно за својата Вистинска (божествена) природа). Најчестиот одговор е „Да.“ Меѓутоа Кроули во Книгата на законот прашува „Зарем Бог би живеел во куче?“ и веднаш потоа одговара „Не!“ Поентата на Кроули е дека кучето има кучешка природа. Не е во неговата природа да се менува и да учи нови нешта по сопствена волја, туку само кога/ако мора. Па дури и тогаш е прашање дали ќе ја научи лекцијата како што треба. За разлика од Човекот. Човекот ја има способноста да се менува по сопствена волја. Само треба да си го постави прашањето „Кое од моите верувања би можело еден ден да ме ограничи?“ Нормално, тука ќе се јават еден куп рационализации и изговори и објаснувања… Но Кроули тоа најубаво го кажал во коментарите на Книгата на законот:
Не му верувај на ниту едно објаснување. Дизраели рекол: Никогаш не кани на вечера некој што мора да се објаснува. Сите изговори служат за прикривање на лаги, неправди или срамови. Вистината е блескаво едноставна.
Да се вратам на почетокот… Кога свеста е зафатена, потсвеста може да исплива полека на површина. Најлесниот начин за тоа е да се збуни свеста со некој проблем. Еден вид на проблем се зен коаните, чија интерпретација никогаш не може да биде рационална. Ако некој сака да се нафати, може да почне со овој коан „Кој е Големиот Магионичар што ја прави тревата зелена?“

6 comments
Comments feed for this article
08/10/2009 at 09:48
Dren
Според мене, човек станува свесен за своите ограничувања само кога ќе му „дојде јајцето на г’зот„ одн. ќе се затекне со потрба да го направи сам она нешто за кое изградил ѕид поради стравот да биде повреден.
Јас се кладам дека и лисицата да била доволно гладна, немало да и падне на памет нонсенс од типот „кисело е грозјето„. Кога се инстинкти/потрби се во прашање, you just go.
А да буташ два прста во штекер од мила воља или да отидеш да му го „ебеш мамето на грозјето„ без да си нешто посебно гладен, за мене е сулудо одн. обид да си се докажеш сам на себе дека можеш, да си докажеш дека си фраер.
[Исто како словенциве тука што се претепуваат по достигање на добри резултати во спортовите. И тоа зборам за обични граѓани, со најн-то-фајв работен ден. Типичен пример е (според мене идиотот) што на точак ја помина цела Словенија во 3 дена (!) стигнувајќи 1 ден пред останатите на целта. Резултати (покрај огромното признание во медиумите): чмар раскрвавен до колена и недела дена во кревет одлежани поради трауматичната реакција и комплетно отекување на телото од таквиот надчовечен напор (да не збориме за инфекциите). И? Ете, му ебал маме на грозјето. И која цена ја платил за тоа што си докажал сам на себе (а во случајов) и на цела земја дека он **може**? Да, и моја првична реакција беше (со падната вилица): Уау, кој цар! Веќе од следната секунда мислев: Кој исфрустриран идиот.)]
Како што реков, потребите не’ туркаат да испитаме дали сме ‘погрешно научени’ и колку сме ‘гладни’ и верувам дека секој ќе се ‘научи правилно’ кога тоа нему ќе ми биде потребно. Јас не сум за пасивност (тоа добро го знаеш и сам), ама зошто еден селанец кој ептен добро си живее од производството на неговата фарма и навистина ужива во руралниот живот со неговата фамилија да го „избуцкаш„ да проба да стане астронаут **само** за да си докаже дека може ако сака?
А тие што не се нити доволно мотивирани нити доволно сулуди (читај: љубопитни) за да направат одредена работа, не знам зошто би останале незадоволни или фрустрирани како што тоа го направила лисицата. Или направи нешто или прифати си ја сопствената одлука дека нема ништо да направиш во врска со дадената ситуација. Не се жали и не мрчи.
А прашањето „Која лекција може еден ден да ме ограничи, да ме спречи да функционирам како што можеби би сакал да функционирам?“ е малце, според мене, претенциозно, освен во случајот да си Хајлендер па со време да си го планираш вечниот живот. Знаеш, тој „еден ден“ might as well be tomorrow. А јас да се бачкам со тоа што ќе биде утре кога не можам да сум сигурна дека Утре ќе дојде и со тоа да си тестирам издржливост на болка и/или нелагодност, верувам дека не би. Ете, мене таа „лекција ептен ми служи во моментов„.
Мене, обичниот смртник.
08/10/2009 at 13:37
Бојан
Фино кажано, и, за некои работи, се согласувам.
Би ја прифатил твојата кладба ако постои начин да се измери степенот на желба. Буквално и фигуративно, добар процент на луѓе знаат да останат жедни и покрај бунар (значи не станува збор за желба туку потреба). Меѓутоа тука не може да се „спори“ затоа што секогаш ќе може да се каже „Ех, не го сака доволно тоа“ (и, до некаде, се согласувам со тоа).
Поентата од секогаш била: повеќе опции. Во мојон случај, ако не сум имал страв од струјата, ќе сум можел или јас да го средам проблемот што ќе се појави или да оставам на некој друг да го среди – наместо да чекам некој друг да го среди место мене. Зошто да не биде селанецот астронаут ако може (и сака)? Од лично искуство (како мое, така и на другите околу мене), повеќето луѓе не се (активно) свесни дека се незадоволни. Фрустрациите што се раѓаат од тоа незадоволство секогаш излегуваат на површина. Несвесното ограничување и тешење дека така треба или дека не сум заслужил повеќе или дека и онака не го сакам тоа доволно знае и физички да се манифестира. Зошто потребата да се пие алкохол, на пример? Ако кажеш дека не е потреба, тогаш I dare you да функционираш година дена без да ставиш капка алкохол во себе (тука го рачунам и пивото :)). Еве, нека се шест месеци. Не ми одговарај дали можеш или не, туку пробај да го направиш тоа. Ако го имаш направено, како се осеќаше во тој период? Која е разликата помеѓу тогаш и сега? (тука мислам на повеќе од „Тогаш не ме болеше глава после вечер помината во пиење“)
Доволно често луѓето воопшто не размислуваат зошто постои таа фрустрација кај нив и наоѓаат најбизарни начини како да ја „решат“. Тоа е муабетот за Дупката. Многу често налетувам на изговори од типот „Абе тешко е“ или „Ама немам време за тоа“. Ако Размислувањето и Делувањето станат навика, изговорите сами ќе се изгубат. А не може да станат навика ако човек не се натера Размислува и Делува. Разликата помеѓу ова и твојот пример за оној со крвавиот чмар е дека тука станува збор за искоренување на фрустрациите што може да доведат до крвав чмар. Зошто толку го дрвам за мотивите? Кои се твоите мотиви за пиење алкохол? (реторичко е последново прашање) Колку често се прашуваш „Зошто правам/мислам вака?“ А кога ќе се прашаш, колку често си даваш искрен одговор?
Знаеш и самата дека ако секој ден возиш по саат време, па два саати, па три саати, па после шест месеци почнеш да одиш на викенд тури до околни градови, кога ќе дојде моментот да возиш низ цела Словенија, нема да ти се расцвета чмарот. Така е и со одучувањето на погрешно научените лекции. Ако вежбаш со „помалку битните“ лошо научени лекции, кога ќе дојде моментот да „мораш“ да одучиш некоја битна лекција, ќе ти биде многу полесно да ја одучиш отколку да прифатиш дека нема ништо да направиш во врска со дадената ситуација. Ќе ја имаш опцијата да правиш како што сакаш, наместо како што ти налага сопственото ограничување. „Да живееме како да ќе има сто години благосостојба, ама да се спремаме како уште утре да ќе има војна.“
Ти ја гледаш практичната страна на откачувањето непотребни лошо научени лекции, додека јас ја гледам практичната страна на навежбаноста. Тоа е моментот со „кацигата за хиперсвесност“. Ако се навежбаш да бидеш хиперсвесна, нема да ти треба никаква кацига ниту магично стапче или даљинско за менување на реалноста. Тоа ќе можеш да го правиш по сопствена волја.
Нормално, ако ти е добро, тогаш ништо :) Само… без жалење & кукање утре, океј? :)
08/10/2009 at 14:35
Dren
Без жалење и кукање Бојан. Без пардон. Овој став можеш да ми го напикаш во врат кога и да го погазам – се откажувам од секое право да се навредам или налутам.
Што се тиче (твоето) вежбање, јас не спомнав неколку ситници во врска со крвавиот чмар (зашто мислев дека поентата ми е јасна). Прво, типот, како и сите учесници, се навежбани колку е тоа воопшто возможно за еден аматер-велосипедист. Тоа значи дека имаат тренинзи со професионалци кои ги водат и советуваат и спремаат. Второ, правилата на трката се: 4 дена возење без спиење, а секој може да има комбе позади него да го следи и да му дава храна, пијачка, прва помош. Дотичниот фрустриран е познат по тоа што вежба без престан интензивно во текот на годината (не само неколку месеци пред трката). Типот, и покрај строгите (бар за мене) правила на трката и покрај неговите 42 години, стига 24 (!!!) часа порано од другите.
Сакам да кажам – you cannot possibly get more practice than that – чмарот у секој случај ти е загарантирано крвав после таков идиотизам (scratch that за мазохисти). Програми кои не’ штитат од болка? Yes please!
Али, да, во секој случај си во право, степенот на желба не може да се измери. А се сложувам и со тоа дека, и мазохист, до одреден степен, мораш да бидеш за да континуирано растеш како личност.
Btw, верувам дека не можеш ни да си претставиш колку сум искрена (кон и за себе) на прашањето: зошто алкохол, ако немам потреба? (Би била и пред тебе доколку би ме прашал (не-реторички)). И не, нема, барем за сега, да се ограничувам од пиење. Ниту како експеримент ниту како предизвик :) Без жалење. Без кукање.
08/10/2009 at 15:01
Бојан
Срцуш бе – 42, а со расцветан чмар… и тоа не од секс :)
Само што, знаеш дека тука нема трка? Дека ова не е натпревар – дури ни со самиот себе. Дека не е надмудрување, не е наддавање, не е натепување… Тука станува збор за откривање. И тоа не само откривање во смисол на нешто што било покриено, туку откривање на нови и нови работи за себе. Да, тој процес најверојатно никогаш нема да заврши, дури и кога ќе наполниш 100 години, ама е феноменално интересен – барем за мене. Постојано откривам работи што сум заборавил дека постојат и работи што не сум ни бил свесен дека постојат.
Повторно ќе ти кажам дека разликата е во отстранувањето на фрустрациите што може да доведат до крвав чмар. Немање потреба да „докажуваш“ некому нешто – дури ни на себе. Поентата на Патот не е во Целта, туку во Патувањето. Фокусирај се премногу на Целта и нема да видиш ништо од убавините по Патот. Ама, во исто време, ако заборавиш дека има некаква Цел тој Пат, ќе заборавиш да се движиш напред. Уметноста е во Рамнотежата, а не во грабањето напред по секоја цена. Или прокрастинацијата.
Онаа рационализацијата „Јеби га, таков сум“ е најбедниот изговор што постои во историјата на човештвото. Тоа е потполно исто како „Јеби га, тоа е Божја волја“ или „Така било пишано“ или „Јеби га, судбина“ или „Не можам“ или „Тешко е“ или „Немам време“. Рационализациите и изговорите „ослободуваат“ од одговорност: „Не сум јас виновен, таков сум“, „Не сум јас крив, така ми било пишано“, „Не сум јас крив, тешко е ова“… Во моментот кога ќе се „ослободиш“ од одговорноста, можеш да не се „замараш“. Ама кога ќе престанеш да се „замараш“ (без проблемот да биде решен), утре пак ќе ти се случи истото.
И имам претстава :)
08/10/2009 at 15:26
Dren
:)
Видиш дека сме двајцата во право :) ;)
Дојдовме до иста поента – Рамнотежата. (Уствари и нема до каде на друго место да се стигне со ваков начин на размислување).
За се што кажа, се сложувам во целост.
Ама Рамнптежата е клучниот збор во целиов наш дискурс.
И бара Работа, не затоа што е толку „тешко„ да ја достигнеме, туку зашто ќе е „тешко„ да ја оддржиме.
Ама све е тренинг, нели, а ние сме веќе во spandex xD
А да, за она „Јеби га, таков сум/таква ми е судбината”, првиот дел неможам да го осудам, затоа што да, дефинитивно не се раѓаме сите еднакви и во еднакви услови. Она па што можам да го осудам е да не ја видиш убавина на предизвикот да ги изиграш најдобро што можеш и тие карти што ти се поделени. Или како што ми рече еден супер-кул професор once: You win some, you lose some. But the most important thing is to stay in the game.
Cheers! :)
14/10/2009 at 01:29
Baldric
Dzabe ramnoteza ako ja vospostavis vo septicka jama. Moze nema da se udavis vo sopstvenite fekalii ama pak si zaglaven do gusa:)
P.S.
5ka za koanot:)